За многу години! Свети Андреј, архиепископ Критски
Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Андреј, архиепископ Критски. Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест!
