Саниран дефектот на водоводната мрежа во Охрид
По повеќе од 15 часа макотрпна работа, екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид целосно ја завршија санацијата на големиот дефект на Бул.Туристичка, информираат од ЈП Водовод Охрид. Водоснабдувањето се нормализира, посочуваат од јавното претпријатие.
