Од понеделник ќе се врши прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
Град Скопје информира дека од понеделник ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци во скопскиот регион. – Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 13 јули, понеделник, до 16 јули, четврток, од 22 до 03 часот наредниот ден.
