HomeАктуелноВо ООУ „Кочо Рацин“ Охрид одбележана Детската недела, Светскиот ден на учителот и Денот на народното востание

Во ООУ „Кочо Рацин“ Охрид одбележана Детската недела, Светскиот ден на учителот и Денот на народното востание

Со бројни активности, во ООУ „Кочо Рацин“ Охрид е одбележана Детската недела, Светскиот ден на учителот 5-ти Октомври и 11-ти Октомври, Денот на народното востание.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет. Од 3-ти до 10-ти октомври 2022 година со бројни активности беа одбележани Детската недела, Светскиот ден на учителот – 5-ти Октомври и 11-ти Октомври – Ден на народното востание. Преку различни игровни активности, спортски игри, презентации, приказни, цртање во училишниот двор, творење ликовни и литературни творби и сл. Најинтересно за учениците беше што добија можност да влезат во улога на наставници и асистенти. Учениците уживаа во сите активности, се покажаа како многу вредни и успешни во зададените задачи, информираат наставник-ментор Виолета Петковска и Активот на наставници при ООУ „Кочо Рацин“.

Додаваат дека Активностите завршија со прием на првачињата во Детската организација со пригодна приредба „Од децата за децата“, реализирана од нивните другари од одделенска настава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.