HomeАктуелно218 санкции за брзо возење

218 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (31.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 218 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 163 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 55 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.