HomeАктуелно22-годишно момче повредено во превртениот автомобил во Тетово

22-годишно момче повредено во превртениот автомобил во Тетово

Дваесет и двегодишно момче е повредено откако со возило се преврте во центарот на Тетово денеска околу 14 часот и 45 минути.  Тој се движел по булеварот „Илинденска“ и се превртел пред кружниот тек кај плоштадот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Околу 14 часот и 45 минути движејќи се со патничкото моторно возило „опел корса“ со тетовски регистерски таблички кое го управувал 22-годишниот С.Р, изгубил контрола, излетал од коловозна лента и се превртел на покривот од возилото.  Возачот кој бил сам во возилото, добил повреди и бил однесен во Клиничка болница – Тетово за укажување на лекарска помош, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Екипи на СВР Тетово вршат увид на местото на незгодата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.