На свеченост која ќе се одржи на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ), денеска ќе се доделуваат дипломи за студентите кои имаат дипломирано до 30-ти септември оваа година.
– Заради обврската околу подигање на дипломата, одората, потпис во книгата на дипломирани студенти треба да дојдете најдоцна до 10:00 часот во Факултетот. Ги покануваме и студентите кои имаат дипломирано, а не ги имаат подигнато дипломите да ги подигнат во истиот тремин, информираат од ФТУ.
Свеченоста ќе се одржи во амфитеатарот на факултетот од 11:00 часот.
