HomeАктуелно252 санкционирани возачи, 110 за брзо возење

252 санкционирани возачи, 110 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден МВР продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На територија на град Скопје изречени се вкупно 252 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 110 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, четири санкции за некористење на сигурносен појас.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, 13 мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за недавање првенство на минување на пешаци, една санкција за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.