HomeАктуелно3-ти Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

3-ти Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

3-ти декември е денот кога се одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Но, како што велат многу здруженија, невладини организации, сојузи за лицата со хендикеп – не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на свеста за правата на овие лица. Се смета дека 15 проценти од светската популација, или повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со попреченост што налага неминовна потреба од поголем фокус на сите чинители кон промени на перспективите на попреченоста и примена на соодветен пристап низ призмата на човековите права.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост е можност повторно да се реафирмираат заложбите да се изгради одржлива, инклузивна и праведна иднина за сите, нагласија денеска Обединетите нации.

Од Хелсиншкиот комитет истакнуваат дека попреченоста е дел од секојдневието, имајќи предвид дека секој човек во некој период од својот живот ќе се најде во ситуација на времена или трајна состојба на попрееност. И ден денес ние сѐ уште сведочиме за дискриминација на лицата со попреченост во сите сфери на секојдневниот живот.

И покрај донесените закони, и покрај заложбите за креирање на инклузивно општество за сите, сè уште значителен дел од лицата со попреченост, но и нивните родители и други лица кои се грижат за нив се соочуваат со неразбирање од страна на своите соседи, со непристапна инфраструктура, со дискриминација во образовниот систем  и на пазарот на труд и со многу затворени врати на институциите.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.