HomeАктуелно328 санкционирани возачи на мотоцикли, седум мотоцикли одземени

328 санкционирани возачи на мотоцикли, седум мотоцикли одземени

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12 до 18 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 328 возачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– 230 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 47 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, информира МВР.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.