Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 180
• Прилеп – 30
• Битола – 28
• Кавадарци – 26
• Куманово – 13
• Велес – 12
• Радовиш – 11
• Делчево – 9
• Кочани и Валандово – по 8
• Крива Паланка и Ресен – по 7
• Охрид – 5
• Тетово и Македонски Брод – по 4
• Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3
• Струмица и Гевгелија – по 2
• Струга, Неготино, Крушево и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (87г, 78г и 62г) и по едно починато лице од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој
Термин, пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Велес (2), Скопје (1), Гостивар (1), Охрид (1), Струмица (1) и Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 44 до 82 години. Две лица се починати во домашни услови и пет лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од:
• Скопје – 246
• Битола – 43
• Прилеп – 25
• Куманово – 22
• Охрид – 18
• Кавадарци – 17
• Велес – 15
• Тетово – 14
• Делчево – 13
• Кочани и Струмица – по 10
• Крива Паланка – 9
• Штип и Свети Николе – по 7
• Радовиш и Гевгелија – по 6
• Ресен – 5
• Валандово, Струга, Неготино и Берово – по 4
• Виница и Кратово – по 3
• Демир Хисар, Македонска Каменица и Пробиштип – по 2
• Македонски Брод, Гостивар, Кичево, Дебар, Богданци и Демир Капија – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.488.688 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627