HomeАктуелно6 лица повредени во тешка сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

6 лица повредени во тешка сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

На 04.08.2022 во 23.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, наспроти тетовско Горно Седларце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило  и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Сектор за односи со јавност и протокол

Министерство за внатрешни работи

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.