HomeАктуелноВелигденска магија на охридскиот плоштад: Шарени реквизити и радост за најмладите

Велигденска магија на охридскиот плоштад: Шарени реквизити и радост за најмладите

Со цел да разубави просторот на охридскиот плоштад, во пресрет на Велигденските празници, денеска на тревната површина пред споменикот „Свети Климент Охридски“ беа поставени велигденски реквизити.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во ова привлечно катче за најмладите поставени се зајчиња, велигденско јајце, столчиња како и други шарени реквизити со велигденски мотиви и пораки.

Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити и украси кои ќе го красат градот за време на Велигденските празници. Целта на оваа активност е да се создаде празнична атмосфера во центарот на Охрид која е погодна за забава и фотографирање, стои во oбјавата на градоначалникот  на општина Охрид, д-р Кирил Пецаков.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.