HomeАктуелно65 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 21 упатени на вонреден технички преглед

65 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 21 упатени на вонреден технички преглед

Во текот на вчерашниот ден (31.01.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 65 сообраќајни прекршоци, при што три возила се исклучени од  сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 21 возило.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.