Тренингот ќе се одвива на англиски јазик и ќе понуди едукативна и интерактивна содржина фокусирана на улогата на одржливиот туризам и културните иницијативи во развојот на локалните заедници. Програмата вклучува примери како што се: уметнички резиденции, културни колонии и фестивали, кои претставуваат иновативни алатки за јакнење на заедниците и поттикнување на креативна и одговорна туристичка понуда, информира Катерина Василеска.
По тренингот, посочува ќе следува Отворена дискусија, инспирирана од темите на сесијата, со фокус на образование, развој на вештини и иновации во областа на одржливиот и алтернативниот туризам. Дискусијата ќе се одвива во хибриден формат со цел размена на искуства и идеи.
Во продолжение, посетителите ќе имаат можност да го погледнат имерзивниот ВР перформанс „Ехо од длабочината“ кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои се соочува тоа, додава Василеска.
Бројот на учесници на тренингот и отворената дискусија е неограничен, додека бројот на гледачи за ВР искуството е ограничен на 8 места. Сите заинтересирани за настанот можат да најдат линкови за регистрација на веб страницата на Перипетија продукција: www.peripetija.com. Настанот е бесплатен, но, учесниците мора да се регистрираат.
Проектот е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, како и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
