Состојба со пожари на отворен простор (07.07.2025 до 21:00 часот)
На територијата на државата регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои:
Активни: 10
Изгаснати: 19
Локализиран: 1
Активни пожари (10):
Опш. Прилеп: с. Бешиште (приземен во мешана шума)
Опш. Македонски Брод 1: с. Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки)
Опш. Чашка: под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (само чад во карпест дел, без активен пламен)
Опш. Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација)
Опш. Македонски Брод 2: н. Самоков, во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ (опожарен магацин/хала со гуми и палети)
Опш. Македонски Брод 3: с. Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)
Опш. Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума)
Опш. Бутел: Визбегово, хотел Њу Стар (ѓубре)
Опш. Крива Паланка: с. Жидилово (борова шума)
Опш. Делчево: градската депонија (депонија)
Локализиран пожар (1):
Опш. Новаци: с. Мегленци (депонија)
Изгаснати пожари (19):
Опш. Чешиново-Облешево: с. Чешиново (стрниште)
Опш. Врапчиште: с. Неготино (стрниште)
Опш. Сарај: с. Глумово (пилевина)
Опш. Карпош: с. Злокуќани (ниска вегетација и ѓубре)
Опш. Петровец: с. Ржаничино (стрниште)
Опш. Аеродром: с. Долно Лисиче (фолии и стрниште)
Опш. Ѓорче Петров: м.в. Голиево (ниска вегетација)
Опш. Центар: ул. Лазар Личеноски (ниска вегетација)
Опш. Велес: с. Горно Оризари (ниска вегетација)
Опш. Куманово: с. Белаковце (шума, ниска вегетација)
Опш. Старо Нагоричане: с. Ругинце (ниска вегетација и мешана шума)
Опш. Кратово: с. Железница (лозје)
Опш. Штип: с. Балвани (ниска вегетација)
Опш. Долнени: с. Сарандиво (ниска вегетација)
Опш. Боговиње: с. Селце (депонија)
Опш. Бервеница: с. Бервеница (ниска вегетација)
Опш. Желино: с. Чефлик (ниска вегетација)
Опш. Врапчиште: с. Неготино (стрниште)
Опш. Новаци: с. Мегленци (депонија) – локализиран
