HomeАктуелноПецаков: Општина Охрид доби 8 нови прочистувачи на воздух од Владата

Пецаков: Општина Охрид доби 8 нови прочистувачи на воздух од Владата

Оваа мерка е дел од програмата на Владата за подобрување на квалитетот на воздухот и покажува сериозен напор за намалување на критичните концентрации на штетни честички, како што се PM10 и PM2.5, кои претставуваат главна закана за здравјето, објави градоначалникот Кирил Пецаков.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се работи за напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL кои ќе помогнат во елиминацијата на вируси, бактерии и микроорганизми, создавајќи потполно безбедна средина за учење и работа во училишните објекти. Овој проект значително ќе придонесе за подобрување на условите за настава и намалување на ризиците од аерозагадувањето, особено за учениците, напиша Пецаков на Фејсбук.

Тој искажа благодарност до Владата за посветеноста во делот заштита на здравјето на граѓаните и заложбите за обезбедување на чиста животна средина.

Филтрите ќе бидат поставени во основните училишта во општината.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.