Според полицискиот извештај, возачот на автобусот од Словенија (49) не го забележал камионот пред него, управуван од 46-годишен полски државјанин, а меѓу повредените има и патници од Косово, објавува „Билд“.
Камионот изгубил дел од товарот во судирот, поради што патот бил затворен.
Во моментот на несреќата, во автобусот имало 41 патник, од кои 30 биле повредени.
Шест лица се здобиле со тешки повреди и се однесени во болница, додека другите се полесно повредени и им е укажана помош во противпожарната станица во Иршенберг.
На местото на настанот е испратен и спасувачки хеликоптер, а автопатот А8 кон Минхен бил затворен до три часот утрово додека се извршувале работи за расчистување на патот и пренасочување на сообраќајот.
Вкупната материјална штета е проценета на околу 150.000 евра.
За патниците е обезбеден резервен автобус.
Истрагата за причината за несреќата е во тек.
