HomeАктуелноДенеска стартуваа подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“

Денеска стартуваа подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“

Денеска стартуваа подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот.

‎Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во теренски увид на просторот каде што ќе се одвиваат градежните работи беше градоначалникот Кирил Пецаков заедно со дел од администрацијата која е задолжена за реализација и следење на проектните активности, како и директорите на јавните претпријатија.

Вредноста на проектот е 45.000.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните работи е АД „Карпош“ од Скопје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.