HomeАктуелно77-годишна жена фрлила отпушок во својата нива при што настанал пожар кој зафатил и фабрика

77-годишна жена фрлила отпушок во својата нива при што настанал пожар кој зафатил и фабрика

77 годишна битолчанка фрлила отпушок во својата нива при што настанал пожар кој зафатил и фабрика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 09.04.2022 околу 15.30 часот во СВР Битола, В.А.(77) од Битола пријавила дека околу 15.30 часот во нејзина нива на ул.„Индустриска“ настанал пожар од отпушок од цигара кој го фрлила, но пожарот не успеала да го изгасне, информира МВР.

Според пријавеното, пожарот се проширил на соседната фабрика, а при обид да го изгасне пожарот, со повреди се здобил М.Ѓ.(29), вработен како обезбедување. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат.

Увид извршила екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.