Во Охрид денеска сончево време со умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.
– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Кон крајот на работната недела ќе има услови за преодна нестабилност која ќе биде најизразена во петок и ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Во петок и особено во сабота ќе биде ветровито со засилен северен ветер, информираат од УХМР.
