HomeАктуелноПочнува аплицирањето за студентски стипендии за 2026/2027

Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2026/2027

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на право на студентска стипендија, остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на правото на стипендија, дека рокот за аплицирање е од 1 до 30 октомври 2026 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За продолжување на правото на студентска стипендија, корисникот треба електронски да ги прикачи следните документи: потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити, издадено од факултетот; уверение за предвидени и положени испити (УППИ) – образец кој го пополнува и заверува факултетот, со наведениот успех од претходните години, како доказ дека студентот има положено 80 проценти односно 90 проценти од предвидените испити, во зависност од типот на стипендијата што ја користи, односно дека го одржал просечниот успех во студирањето, во согласност со договорот; индекс од првиот запишан семестар до последниот заверен семестар.

МОН во објавата појаснува дека документите треба да се прикачат електронски со соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk и посочува дека за каква било информација или прашање студентите може да се обратат на електронската пошта studentskii.stipendii@mon.gov.mk .

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.