СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(46) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
На 20.05.2022 во 11.30 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, како со такси возило врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца од надлежен орган, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од МВР.
