Потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека на 04.08.2022 година околу 05 часот, кај месноста „Бел мост“, атар на селото Волино, општина Дебрца, Е.Ф.(21) од Кичево, управувајќи патничко возило „хонда акорд“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.О.(24) со привремен престој во Швајцарија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи, додаваат од СВР Охрид.
