На ден 26.09.2022 година, понеделник, ЈП Водовод Охрид ќе започне со санирање односно поставување на нов цевковод со профил ф 350 мм на улицата „Асном“, кој пред неколку месеци беше оштетен при изведување на градежни активности од страна на приватна градежна компанија.
Се известуваат корисниците од улицата „Асном“ (на потегот од маркетот Тамаро до 110ката) дека овој ден во период од 08:00 до 19:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување, а со намален притисок водоснабдувањето ќе биде на улиците „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Никола Карев“ и дел од бул.„Туристичка“, информираат од претпријатието.
