Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид, како сертифицирани врснички едукатори за трговија со луѓе, осмислија и реализираа едукативен перформанс за превенција од трговија со луѓе како дел од нивната програма за работа.

Во соработка со СВР Охрид перформансот го изведоа во спортската сала на училиштето СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, каде учениците и професорите можеа да проследат три сцени на кои беше претставена сексуална експлоатација, експлоатација на труд и трговија со деца, придружени од некои од најважните факти за трговијата со луѓе, информираат од Црвен крст.
Додаваат дека целта на овој перформанс била да се покрене свеста кај младите и тие да се едуцираат за овој социјален феномен на модерно ропство, ризиците и ужасите на тргвовијата со луѓе, но и за начините како да се заштитат.

