HomeАктуелноПолни раце работа за охридската полиција

Полни раце работа за охридската полиција

Ноќеска во 03.20 часот во СВР Охрид пријавено е дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид, охриќанец физички нападнал 23-годишен сограќанин.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Вчера, пак, околу 14.00 часот на улицата „Тоде Лупески“ во охридското село Лескоец нарушен бил  јавниот ред и мир со физичка пресметка помегу 56-годишен жител од една и двајца соселани (21) и (26), од друга страна.

56- годишниот жител на Лескоец е приведен во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот против нарушителите ќе биде поднесена соодвеетна пријава. – стои во билтенот на СВР.

Изминатата ноќ, при преземени мерки во сообраќајот, полициските службеници во Охрид затекнале 4 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.

Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. – соопштија од СВР Охрид.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.