На 15.01.2023 во 01.30 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода В.В.(47) од виничко село, со привремен престој во Делчево, затоа што физички ја нападнал неговата 39-годишна невенчана сопруга.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
