HomeАктуелноСлободни улици, тротоари, пешачки зони, миени улици – Политичарите во нереалната слика во Охрид

Слободни улици, тротоари, пешачки зони, миени улици – Политичарите во нереалната слика во Охрид

Посебен режим на сообраќај во Охрид во текот на претстојниот викенд, го нема хаосот по клучните булевари, без паркирани возила на тротоарите и велосипедските патеки, денес како никогаш Охрид добива безбеден сообраќај, граѓаните се прашуваат дали барем приближно на оваа слика може Охрид да добие секојдневно, така што ќе го надвладее сообраќајнот хаос?

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Меѓу задоволните граѓани од како што велат слика која Охрид ја заслужува, нашата редакција наиде и на нервозни возачи кои синоќа беа заглавени во колоните, чекајќи да помине делегацијата и конечно слободно да се движат, додека имаше и такви кои се вознемирени поради зголеменото полициско обезбедување во градот и километражните колони бидејќи беа недоволно информирани за безбедносните протоколи.

Средбата на Вучиќ и Курти го „измиј“ и се уште не изградениот автопат Охрид-Кичево,  кој е  во децениската изградба. Имено, од автопатот кој почна да се гради пред девет години, во февруари 2014 година,завршена и пуштена за сообраќај под времен режим е само делницата меѓу Требеништа и Охрид  долга 8,5 километри.

Вчера, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ покрај главните булевари кој се движи делегацијата, целосно го исчистија Охрид.

Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.