HomeАктуелноБектеши: Имаме најевтини цени за јајца во регионот

Бектеши: Имаме најевтини цени за јајца во регионот

Моментално сме најевтини во делот на цените на јајцата во регионот. Нема да дозволиме покачување на цените поради зголемената побарувачката поради Велигден, рамазанските пости и Бајрам, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој кажа дека на седница на Владата ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата, согласно цените кои биле претходно, а не денешните.

Како Министерство за економија имаме конкретен предлог за цената на оризот и јајцата. Тоа нема да биде денешната цена, туку ќе биде една од цените од месец март, рече Бектеши.

Во делот на шеќерот и брашното, согласно податоците на царинската управа за увозните цени и цените со кои се произведува имаме намалување и тоа очекуваме да продолжи, па затоа таму нема да преземаме мерки во моментов,  додава Бектеши.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.