HomeАктуелноЗасилени сообраќајни контроли на цела територија на Македонија

Засилени сообраќајни контроли на цела територија на Македонија

Во текот на вчерашниот ден (14.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 306 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 173 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.