HomeАктуелно(Видео) Портпаролот на ИДФ: Подготвени сме за инвазија

(Видео) Портпаролот на ИДФ: Подготвени сме за инвазија

Во доцна вечерното интервју за Си-ен-ен, портпаролот на ИДФ Џонатан Конрикус беше прашан да коментира за тоа колку брзо може да започне копнената офанзива.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„ИДФ е распоредена долж Појасот Газа. Резервите се подготвени, опремени и во готовност“, рече тој. Но, не сакаше да се најави кога ќе почнат активностите.

„Копнената активност е една од опциите, една од алатките со кои располагаме“, додаде тој.

Претходно вчера израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ги посети израелските војници стационирани на границата со Газа и им порача дека наскоро ќе ја видат територијата „од внатре“.

„Ќе дојде редот“, рече Галант. Набргу потоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео на кое е опкружен со војници и ветува победа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.