Во завршна фаза се подготовките за достојно чествување на патронот на градот Охрид. На 08 декември општината, охридската гимназија но и граѓаните на Охрид ќе го одбележат денот на заштитникот на градот Свети Климент Охридски.
Со низа свечености Охрид ќе го одбележи патронот на градот, Свети Климент Охридски. Подготовките се во завршна фаза. Годинава Охридската гимназија која годро го носи името Светиклиментово ќе биде носител на свечената акадмеија по повод празникот на 08 декември.
Денот во чест на првиот македонски архиепископ, и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа,најзначајниот средновековен писател и педагог. Свети Климент со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно,просветно и книжевно стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА НАЈДОБРИ ПОЕТСКИ ТВОРБИ ПОСВЕТЕНИ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ-ПАТРОНОТ НА ОХРИД:
По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, Жири –комисијата во состав: проф. Перчо Божиновски – претседател, проф. Светлана Велкоска – член, проф. Светлана Огненова – член донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски.
Жири – комисијата одлучи Први награди да им бидат доделени на следните тврорби:
- Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)
- поетска творба: „Охрид градот на нашите просветители“
- шифра: FROZEN
- Во II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение)
- поетска творба: „Клименте“
- шифра: Светлина
- Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година)
- поетска творба: „Светоста на името твое“
- шифра: 2608
Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура најдоцна до 6.12.2023 година и со себе да го понесат примерокот од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство.
