Весна Петрушевска со искрена изјава за убиството на Вања Ѓорчевска апелира секој од нас да размислува пред да даде каков било коментар за трагичната ситуација.
Таа потенцира дека потрагата и казните за злосторниците треба да се остават во рацете на полицијата, а да не се заборават мајката и сестричката на настраданото невино девојче.
Во целата оваа колективна траума заборавивме на мајката на Вања и на нејзината сестричка. Од проверени извори, од прва рака знам дека нејзината сестричка имала операција на срце, а мајката исто така е во тешка состојба со проблеми со дишењето. Многу зборуваме за злосторниците, да така треба, но ги заборавивме жртвите на насилство. Во овој случај, нејзината мајка и сестричка се директни жртви на насилство. Сакам да ви укажам дека треба да размислите пред било што да објавите, или да коментирате, да размислите на овие две невини суштества коишто во овој момент нивната тага е немерлива. Нивниот живот е скратен, тие се живи мртовци. Тагата е огромна. Нашата општествена одговорност е на едно многу ниско ниво. Ние како општество, ние како луѓе што ќе направиме за да помогнеме на ова семејство. Затоа што не се виновни. Жртвата никогаш не е виновна. Не се виновни, не треба да ги заборавиме. Сите зборуваме за камерите, сите зборуваме за цитроенот, никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка. Тоа е поразот наш. Тоа е она коешто нас ќе нè зафркава веројатно во овој животен век. За нашите нови генерации кои доаѓаат не сум сигурна дали оставаме добар свет. Искрено.
Еве што друго таа порача во видеото кое го постира на сонцијалната мрежа Инстаграм.
