HomeАктуелноЕдукативно предавање за препознавање, спречување и заштита од насилство врз жените во ОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Едукативно предавање за препознавање, спречување и заштита од насилство врз жените во ОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Вчера (11.12.2023 година) во општинското средно училиште ,,Св.Кирил и Методиј”  во Охрид, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Охрид и претставници на невладината организација „Инклузија”, одржаа едукативно предавање на тема „Препознавање , спречување и заштита од насилство врз жените”.  Притоа, учениците од прва до четврта година беа запознаени со основните појавни облици на насилството врз жените, како и постапувањето на институциите за нивна ефективна заштита, но и за превенирање на оваа девијантна појава во општеството. Едукативната работилница беше спроведена во рамките на превентивната кампања „16 дена активизам за борба против  насилство врз жените”, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.