На 12.12.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Центар В.П.(21) од Битола, пријавила дека во дворот на факултетите при УКИМ била касната од куче скитник, информираат од полицијата.
Инаку, во денешниот билтен на МВР ова не е единствен случај, на 12.12.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Драчево Л.К.(61) од Скопје пријавила дека во с.Долно Лисиче била касната од куче скитник, истиот ден во 19.00 часот во Полициската станица Карпош С.Т.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Варшавска” бил каснат од куче скитник.
Во полициските билтени скоро и да нема ден да нема пријава на граѓани дека биле нападнати или каснати од куче скитник. МВР билтенот е само еден показател дека секојдневното напаѓање на кучиња скитници на наши сограѓани и понатаму продолжуваат.
По сите пријави и плаќање на оштети на граѓани кои се терет на општините се поставува прашањето зошто институциите и понатаму остануваат во молк за решавање на ова прашање?
