HomeАктуелноПринудно слета хеликоптер на АРМ близу Скопје

Принудно слета хеликоптер на АРМ близу Скопје

Соопштение на канцеларијата за воени односи со јавноста:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со цел информирање на јавноста, транспарентно прикажување на активностите на Армијата на Република Северна Македонија и спречување на дезинформации, Ве информираме за следното:

Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во време околу 14 и 30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец.

По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на кварот и оспособување на хеликоптерот. Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.