HomeАктуелноДенес е голем христијански празник, на многу македонски фамилии куќна слава

Денес е голем христијански празник, на многу македонски фамилии куќна слава

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 декември.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

created by InCollage

Денеска е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски.

Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога.

Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им случи на луѓето. На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира.

За време на гонењето на христијаните при Диоклецијан, беше ставен во затвор. Подоцна учествуваше на Првиот вселенски собор, во 325 година. Блажено се упокои во 342 година, во длабока старост.

Беше најблаг пастир, голем чудотворец и помошник во секакви невољи. Неговите нетлени мошти беа пренесени од Мира во Бари во единаесеттиот век. Таму се наоѓаат до денес.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.