HomeАктуелно241 лице загина, а 382 лица се повредени само во последното деноноќие во Газа

241 лице загина, а 382 лица се повредени само во последното деноноќие во Газа

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека во последните 24 часа загинале најмалку 241 лице, јави денеска Би-би-си.  Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја нарече војната „тешко злосторство“ против неговиот народ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Началникот на израелската армија Херзи Халеви рече дека конфликтот со Хамас ќе продолжи „уште многу месеци“.

Израел тврди дека погодил повеќе од 100 локации во вторникот. Министерството за здравство во Газа соопшти дека во изминатите 24 часа се повредени 382 лица. Според Министерството, најмалку 20.915 Палестинци се убиени,  главно деца и жени,  во повеќе од 11 недели борби.

 

фото: архива

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.