HomeАктуелноОд први јануари пониски сметки за струја, оние граѓани кои ќе внимаваат како трошат, ќе добијат пониски сметки

Од први јануари пониски сметки за струја, оние граѓани кои ќе внимаваат како трошат, ќе добијат пониски сметки

Цената на струјата за граѓаните во првиот блок од 1 јануари се намалува за 5,16 проценти.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во вториот блок останува непроменета, во третиот блок има зголемување на цената од 2,88 проценти, а во четвртиот блок за 1,86 проценти.

Според податоците, 80 отсто потрошувачите во државата никогаш не влегуваат во третиот блок, дури и во зимските месеци остануваат во вториот блок, што значи дека повеќето корисници ќе плаќаат поевтина струја.

Покрај намалувањето, домаќинствата од 1 декември оваа година користат и дневна евтина тарифа на струјата, секој ден од 13 до 15 часот.

Корисниците сега имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во неделите.

Враќањето на евтината тарифа е во вистинско време, затоа што трошоците на граѓаните се зголемуваат во зимскиот период.

Од оваа мерка најмногу корист имаат оние кои внимаваат и штедат, како и пензионерите кои во тој периодот од денот се во своите домови.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.