HomeАктуелноПожарот кај Крива Паланка однесе човечки живот – опасноста расте

Пожарот кај Крива Паланка однесе човечки живот – опасноста расте

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во присуство на јавен обвинител се врши увид.

Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и животите на граѓаните.

Се апелира до сите жители да се вклучат во гаснењето.

Ситуацијата е критична – не е време за чекање или размислување. Апелираме до сите граѓани што се во можност: излезете и помогнете!, се вели во пораката од Општина Крива Паланка.

На терен делуваат пожарникари, волонтери и вработени од општинските служби.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.