Вечерва се одржа итен состанок на Кризниот штаб поради сериозната ситуација со активните пожари што го зафатија повеќе региони низ државата. На состанокот беа донесени конкретни мерки и заклучоци за координирано и ефективно делување на сите надлежни служби.
Упатуваме искрена благодарност до Армијата на Република Северна Македонија, припадниците на МВР, како и вработените во Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Нивната несебична ангажираност, пожртвуваност и надчовечки напори се од клучно значење за справување со огнената стихија.
Сите тимови се целосно мобилизирани, а поддршка пристигнува и од соседните општини и доброволци. Спасувачките и противпожарните единици работат без пауза, и покрај екстремните временски услови и непристапниот терен.
Целта е една: да се заштитат животите на граѓаните, нивните домови и природата. Институциите ќе направат сè што е во нивна моќ за оваа непогода да биде ставена под контрола во најкус можен рок.
Кризата бара заедништво, солидарност и одлучност. Повикот до граѓаните е да останат смирени, да ги следат официјалните упатства и да не излегуваат на загрозените подрачја.
Заедно и одлучно – ќе победиме!
