Македонија е повторно потресена од трагичен настан – тројца загинати, меѓу кои и малолетно дете, во семејна драма која заврши со самоубиство на сторителот. Според првичните информации, убиецот е вујко на едно од убиените лица.
Тој наводно најавил што ќе направи преку објава на социјалната мрежа Фејсбук. Трагедијата започнала околу 15 часот, а дури околу полноќ пристигнале припадници на специјалните полициски единици на самото место.
Очекуваме повеќе официјални детали во текот на денот.
