165.000 евра изнуда. Истражните органи приведоа лице поврзано со криминалниот нарко-картел Барон/Беланоца во моментот на примопредавање на парите кои според неофицијални информации биле резултат на долгогодишна изнуда. Акцијата е се уште во тек, а зголемено полициско присуство има на територијата на Куманово, но и на скопско Арачиново од кадешто е и самиот изнудувач.
Официјално, и МВР и Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, кои ја водат акцијата, со оскудни информации.
– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК по претходна пријава, лиши од слобода едно лице за сторено кривично дело изнуда и во моментов се вршат претреси на повеќе локации во скопско Арачиново, велат од МВР.
