HomeАктуелноПочна првото рочиште за трагедијата во „Пулс“ во Кочани

Почна првото рочиште за трагедијата во „Пулс“ во Кочани

Денес во 9:30 часот, во судница во КПУ Идризово, започна првото рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица. Поради безбедносни причини, процесот се одржува во просториите на затворот, а судницата беше исполнета со голем број домашни и странски новинари, како и семејства на жртвите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На обвинителна клупа се најдоа 38 лица – сопственици, управители, поранешни локални функционери, инспектори и други службени лица обвинети за тешки дела против општата сигурност. Судот веќе го одобри обвинителниот акт во целост, а истрагата претходно опфати околу 400 сослушани сведоци.

Денешното рочиште го означува почетокот на еден од најголемите и најкомплексни судски процеси во земјава, со очекувања јавноста конечно да добие одговорност за најтешката трагедија од овој тип во Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.