HomeАктуелноКРАЈ НА ГУЖВИТЕ ВО СТАНИЦИТЕ: Казните од „Безбеден град“ сега се евидентираат автоматски

КРАЈ НА ГУЖВИТЕ ВО СТАНИЦИТЕ: Казните од „Безбеден град“ сега се евидентираат автоматски

Граѓаните повеќе нема да мора да носат потврди за платени казни во полициска станица. Од Министерство за внатрешни работи информираа дека системот „Безбеден град“ е поврзан со оној на Министерство за финансии, со што уплатите отсега автоматски се евидентираат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ова доаѓа по бројните реакции од граѓаните, кои и покрај тоа што казните ги добиваа дигитално, мораа лично да доставуваат печатени уплатници во полициските станици. Причината беше неможноста на системот да ја поврзе уплатата со конкретниот прекршок, што создаваше редици и губење време.

Сепак, постои важен услов – при плаќањето мора точно да се внесат податоците, особено бројот од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“. Во спротивно, системот може да не ја препознае уплатата.

Во меѓувреме, бројките покажуваат дека системот „Безбеден град“ сè повеќе регистрира прекршоци. Само во март биле евидентирани над 26.000 случаи, од кои повеќе од 25.000 се за пречекорување на брзината. Дополнително, регистрирани се 941 прекршок за возење со истечена дозвола, додека прекршоците за минување на црвено светло се во опаѓање.

Интересно е што опаѓа и бројот на приговори. Според податоците од Основен кривичен суд Скопје, во март биле поднесени само 65 приговори, за разлика од февруари кога имало дури 476. Од судот велат дека дел од предметите веќе се решени, а постапките се водат во законски предвидените рокови.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.