Жена на возраст од 58 години, која забременила со процедура ин витро, очекува тројка, објави д-р Таше Трпчевски од Битола.
Ултразвучниот преглед потврдил тројна бременост, а според докторот од болницата „Плодност“, ова бил третиот обид со ин витро на пациентката и нејзиниот сопруг.
Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај пациентка на 58-годишна возраст. Кога желбата за дете е посилна од сите предизвици, медицината и упорноста можат да создадат неверојатни приказни, напиша докторот во објава на социјалните мрежи.
Станува збор за исклучително редок и комплексен случај кој бара внимателно следење и врвна мултидисциплинарна грижа во текот на целата бременост“, додава д-р Трпчевски.
