Вечерва во 19 часот, во паркот на хотел „Палас” на брегот на Охридското езеро, започнува јубилејното 10 издание на ИПА ОХРИД ВЕЛО ВИКЕНД „ НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ”. Со пригоден говор, ќе го отвори Ана Крстеска, заменик градоначалник на општина Охрид по што, пријавените учесници ќе можат да си ги подигнат ИПА вело сетотвите, информираат од ИПА Охрид.
Утре е главниот настан, велосипедската тура Охрид-Струга-Радожда, стартот е во 08 часот од градското пристаниште. а за безбедноста на велосипедистите по трасата ќе се погрижи сообраќајната полиција, додаваат од ИПА Охрид.
