HomeАктуелноОхриѓанката Гордана Лолеска со емотивен апел: „Подарете надеж, подарете живот“

Охриѓанката Гордана Лолеска со емотивен апел: „Подарете надеж, подарете живот“

Претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид, Гордана Лолеска, преку видео-обраќање се приклучи на националната кампања за подигнување на свеста за органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во своето обраќање, Лолеска посочи дека за многу пациенти со ретки болести трансплантацијата претставува единствена можност за продолжување на животот, особено кога болеста доведува до оштетување или откажување на виталните органи.

Таа истакна дека зад секоја листа на чекање стојат луѓе, семејства и приказни исполнети со надеж и неизвесност. Според неа, органодарителството претставува чин на солидарност кој може да им овозможи нова шанса на оние што се борат за живот.

Лолеска зборуваше и од личен аспект, нагласувајќи ја тежината со која се соочуваат семејствата чии најблиски чекаат трансплантација. Таа порача дека секоја одлука за дарување органи може да донесе надеж таму каде што надежта е најпотребна.

„Едно ‘да’ може да спаси дете, мајка, татко, брат или сестра. Затоа е важно да ја препознаеме моќта на хуманоста и да покажеме солидарност кон оние кои ја водат најтешката битка – битката за живот“, порача Лолеска.

Таа ги повика граѓаните да се информираат, да разговараат за органодарителството и да придонесат кон јакнење на свеста за значењето на оваа хумана мисија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.