HomeАктуелноЖителите на оваа општина можат да аплицираат за субвенции до 15.000 денари – еве за што станува збор

Жителите на оваа општина можат да аплицираат за субвенции до 15.000 денари – еве за што станува збор

Општина Гази Баба за првпат доделува субвенции за набавка на пелети.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираше градоначалникот Бобан Стефковски, жителите на Општина Гази Баба можат да аплицираат за субвенции до 30% од трошоците за набавка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари.

Тој посочи дека оваа мерка ја воведуваат за првпат затоа што сакале да им помогнат на домаќинствата во намалување на трошоците за греење, но и да придонеле за почиста животна средина.

Право на учество имаат жителите на Општина Гази Баба кои:

  •  поседуваат печка или котел на пелети;
  •  немаат приклучок на систем за централно греење;
  •  ги имаат подмирено обврските по основ на данок на имот;
  •  ќе ја достават целосната документација согласно јавниот повик.

Барањата се доставуваат во Архивата на Општина Гази Баба, улица „Архимедова“ бр. 2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.

Повеќе информации, целосниот јавен повик и потребните обрасци се достапни на следниот линк од веб-страницата на Општина Гази Баба:

Линк за пријавување

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.